Претседателот на Русија Владимир Путин имаше денеска телефонски разговор со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху. Во текот на разговорот Путин му ја објасни логиката на одлуката на руското раководство за укинување на ембаргото за испорака на Иран на ракетниот систем С-300.
Како што соопшти прес-службата на Кремљ, израелскиот премиер му се јавил на рускиот лидер „со загриженост по повод симнувањето на ембаргото“.
Владимир Путин го акцентирал вниманието на тоа дека според своите тактичко-технички карактеристики системот С-300 има стриктно одбранбена намена и нема да ја загрози безбедноста на Израел и другите земји на блискоисточниот регион.
Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков претходно одби да ги наведе роковите за почеток на испораката на рускиот ракетен систем С-300 во Иран, но потенцираше дека повеќе не постојат никакви ограничувања за тоа.
Од друга страна, Иран ќе се откаже од тужбата против Русија штом бидат испорачани системите С-300, соопшти секретарот на Советот за безбедност на Иран Али Шамхани. „Се надевам дека противвоздушните ракетни системи ќе бидат испорачани кон крајот на оваа година“, изјави Шамхани во Москви во рамките на 10 средба на секретарите на советите за безбедност на земјите на Шангајската организација за соработка.
„Се разбира дека штом бидат испорачани системите во Иран, постапката ќе биде запрена“, истакна Шамхани, а пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче