СБ РФ е загрижен што Украина ја смета Русија за клучна безбедносна закана

Рускиот Совет за безбедност загрижен за делот во Стратегијата за национална безбедност на Украина до 2020 година во кој како клучна закана е наведена политиката на Русија, соопштува прес-службата на Советот за безбедност на РФ повикувајќи се на секретарот на Советот Никола Патрушев.

Рускиот Совет за безбедност има намера да го проучи предлог-проектот на Стратегијата за национална безбедност на Украина до 2020 година, во која како клучна закана е наведена политиката на Русија, соопштува прес-службата на Советот за безбедност на РФ повикувајќи се на секретарот на Советот Никола Патрушев.

„Уште денес може да се каже дека нѐ вознемирува што како клучна закана за земјата е наведена политиката на Русија, а приоритет за развој на државата е членството во НАТО и намалувањето на економските односи меѓу нашите земји“, изјави Патрушев.

Истовремено Патрушев истакна дека е рано да се донесе конечен заклучок. „Ние ќе го анализираме документот за повнимателно да ги процениме можните закани по државните интереси на Русија“, додаде тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња