Постапката на пилотот на рускиот ловец Су-27, кој се доближи до американски извидувачки авион над Балтичкото море, може да ги влоши односите меѓу Москва и Вашингтон, изјави официјалниот претставник на Министерството за одбрана на САД Марк Рајт.
„Непрофесионалното пресретнување во воздух можело да им наштети на сите екипажи вклучени во инцидентот. Уште поважно е тоа што неодговорните постапки на само еден пилот можат да ја заострат напрегнатоста меѓу земјите“, изјави Рајт, пренесува ТАСС.
Според верзијата на претставникот на Пентагон, „оваа активност во воздухот се случува во контекстот на промената на ситуација во сферата на безбедноста како резултат на руската агресија против Украина“.
Претходно шефот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Константин Косачов изјави дека САД треба да престанат да паѓаат во хистерија по повод летовите на руското воено воздухопловство во балтичкиот регион.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче