Лавров објасни зошто Русија ја симна забраната за испорака на С-300 на Иран

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров објасни зошто Русија ја симна забраната за испорака на ракетниот систем С-300 на Иран, соопшти РИА „Новости“.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров објасни зошто Русија ја симна забраната за испорака на ракетниот систем С-300 за Иран, соопшти РИА „Новости“.

Според шефот на руската дипломатија, со таквата одлука Русија се раководела од своите комерцијални интереси, а исто така и од аспект на својата репутација. „Првичната одлука за запирање на исполнувањето на договорот, кој беше потпишан и стапи на сила, беше донесена во септември 2010 година. Тоа беше направено како поддршка на консолидираните напори на шесттемина меѓународни посредници за да се стимулира максимално конструктивен процес на преговори за решавање на ситуацијата околу иранската нуклеарна програма“, објасни Лавров.

Министер истакна дека за Иран современиот ПРО систем е многу актуелен, затоа што има одбранбен карактер и може да биде корисен со оглед на напрегнатата ситуација во регионот. Исто така, првиот човек на МНР РФ  потенцираше дека симнувањето на забраната нема да ја доведе во опасност безбедноста на ниедна држава.

Претходно беше објавено дека претседателот на Русија Владимир Путин потпишал указ за укинување на забраната за испорака на С-300 на Иран.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња