Кремљ: Дискусијата за глобалните проблеми на самитот на Г-7 тешко дека ќе биде ефикасна без Русија

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изјави дека Владимир Путин не инсистира на собирање на Г-8, пренесува „Газета.ру“.

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изјави дека Русија нема намера да се наметнува заради учество на собири од различен меѓународен формат, но и дека разгледувањето на светските прашања без учество на Москва тешко дека може да биде ефикасно, пишува „Газета.ру“.

„Претседателот повеќепати зборуваше дека ние, несомнено, немаме намера да се наметнуваме некому во каков било формат“, рече Песков, коментирајќи го претстојниот самит на Г-7 и односот на Кремљ спрема обновата на форматот Г-8 во кој спаѓа и Русија.

„Разгледувањето на глобалните проблеми без Русија тешко дека може да биде ефективно и да доведе до некакви ефикасни резултати“, рече портпаролот Песков. Притоа, тој истакна дека Москва е отворена за секаков вид соработка.

Изјавата на Песков е реакција на противењето на шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер претседателот на РФ Владимир Путин да биде поканет на самитот на Г-7 што ќе се одржи во Баварија во јуни годинава. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња