Кина прва го купи од Русија системот С-400

Кина стана првата земја која купи од Русија ракетен систем С-400, соопшти генералниот директор на „Рособоронекспорт“ Анатолиј Исајкин.

Кина стана првата земја која купи од Русија ракетен систем С-400, соопшти генералниот директор на „Рособоронекспорт“ Анатолиј Исајкин.

„Детали од договорот нема да откривам, но да, Кина навистина стана првиот купувач на овој најнов руски систем за ПВО, што само го потенцира стретешкото ниво на нашите односи“, изјави Исајкин во интервју за „Комерсант“.

„Многу земји сакаат да го набават С-400. Но нашата индустријата олицетворена во концернот ВКО „Алмаз-Антеј“ треба да го испорачува, пред сѐ, на Министерството за одбрана. Дури и ако се земе предвид проширувањето на своите производствени капацитети, ќе биде сложено да им се испорачува тој систем на неколку земји веднаш. Кина на тој план стана првата ластовичка“, истакна првиот човек на „Рособоронекспорт“.

„Сметам дека ако работиме во интерес на Кина, тогаш работиме и во наш интерес“, потенцираше Исајкин.

Ракетниот систем С-400 е опремен со ракети со среден и голем дострел.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.