Вселенската одбрана на Русија откри група сателити за набљудување на Русија

Војската за вселенска одбрана на РФ откри група сателити за електронско набљудување на територијата на Русија, изјави командантот на Вселенската команда на Министерството за одбрана, генерал-мајор Олег Мајданович за телевизискиот канал „Ѕвезда“.

Специјалистите на Главниот центар за набљудување на вселената, кој спаѓа во Вселенската команда на Војската за вселенска одбрана на РФ, открија група сателити за електронско набљудување на територијата на Русија. Ова го изјави командантот на Вселенската команда на Министерството за одбрана, генерал-мајор Олег Мајданович за телевизискиот канал „Ѕвезда“.

„Сосем неодамна од специјалистите на Главниот центар за набљудување на вселената беше откриена група вселенски летала, новосоздадена за електронско набљудување. Групирањето се прави за да се реализира електронско следење на средства кои се наоѓаат на територијата на Руската Федерација“, изјави Мајданович.

На барањето да прецизира на која земја ѝ припаѓа групата сателити за набљудување, тој одговори: „Засега нема потреба од тоа“.

Според него, една од главните задачи на силите на Вселенската команда е да умеат да разликуваат лет на обичен сателит од групирање на сателити.

Мајданович истакна дека контролата врз сите објекти кои се наоѓаат во орбитата не е едноставна: познат е случајот кога за едно летало со години се мислело дека е вселенски отпад, а во потребниот момент дејствувало како шпионски сателит, на пример.

Со помош на електронското набљудување се врши пресретнување на каналите за комуникација меѓу  електронски средства, како и на сигнали на радиолокациски станици и други уреди. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.