Штајнмаер: Светот не е заинтересиран за долготрајна изолација на Русија

Ситуацијата со санкциите против Русија ќе зависи од исполнувањето на Минската спогодба, изјави министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер во интервјуто за „Велт ам Зонтаг“.

„Не е во наш интерес долготрајно да ја изолираме Русија. Меѓутоа, по анексијата на Крим со која се прекрши меѓународното право, ние не можеме да се преправаме дека ништо не се случило и да се однесуваме дека тоа е „business as usual“ („само бизнис“). Патот назад до Г-8 лежи преку почитување на интегритетот на Украина. Како понатаму ќе се развива ситуацијата со санкциите воведени од Западот против Русија поради конфликтот во Украина, ќе зависи од исполнувањето на Минската спогодба“. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер во интервјуто за „Велт ам Зонтаг“ објавено денеска.

„Иднината на санкциите е поврзана со реализацијата на Минската спогодба, тоа е на сила како и претходно“, изјави тој. „Со самото тоа топката е на половината на теренот на Москва, рече министерот. – Ние правиме сѐ за да постигнеме напредок во имплементација на „Минск“. Тоа бара напор, ситуацијата е, како и претходно,  нестабилна“.

„Треба да се продолжи работата, за што е потребна подготвеност за тоа од страна на Киев и Москва“, истакна Штајнмаер. Тој потсети дека в понеделник во Берлин со своите колеги од Русија, Украина и Франција (Нормандиски формат) е преминот кон следната фаза од реализацијата на Минската спогодба.  

„Не може да има воено решение за овој конфликт“, истакна шефот на германската дипломатија. „Минската спогодба ни дава на располагање конкретен план, поддржан од сите страни, за политичко решение на проблемот“, изјави Штајнмаер.

Тој исто така истакна дека „во реалноста степенот на насилство во текот на последните неколку недели по потпишувањето на минскиот пакет-мерки забележливо се намали“.

„Режимот за прекин на огнот во целост се почитува, далеку нѐ придвижи процесот на повлекување на тешкото вооружување„, забележа Штајнамер додавајќи дека, според негово мислење, опасноста за понатамошна ескалација, сепак, останува.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.