Шефот на фракцијата на Левата партија во Бундестагот повика да се покани Путин на самитот на Г-7

Шефот на фракцијата на Левата партија во германскиот Бундестаг Грегор Гизи повика претседателот на Русија Владимир Путин да биде поканет на самитот на Г-7 во Германија, пишува „Дојче Веле“.

Шефот на фракцијата на Левата партија во германскиот Бундестаг Грегор Гизи повика претседателот на Русија Владимир Путин да биде поканет на самитот на Г-7 во Германија, пишува „Дојче Веле“. Според него, изолацијата на Русија носи само штета.

„Бидејќи решавањето на кризите без Русија е невозможно, јасно е, се разбира, дека од „седумката“ одново треба да се направи „осумка“. Изолацијата на Русија ништо не носи и нанесува само штета“, изјави Гизи во интервју за агенцијата „ДПА“.

Лидерот на левите ја истакна улогата на Владимир Путин во текот на преговорите со Иран по прашањето на нуклеарната програма, како и неговото учество в процесот на уништување на арсеналите со хемиско оружје на Сирија.

Претходно беше објавено дека при подготовката на самитот на Г-7 некои земји не можат да ја усогласат позицијата околу санкциите против Русија. Додека САД се залагаат за продолжување на санкциите против Москва, Германија и Јапонија се залагаат за воспоставување дијалог со руските власти.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња