Руската морнарица евакуираше 308 луѓе од Јемен

Бродот на Воено-поморската флота на Русија „Приазовје“ евакуираше 308 луѓе од Јемен, пренесува РИА „Новости“.

Бродот на Воено-поморската флота на Русија „Приазовје“ пристигна во пристаништето во Џибути со 308 луѓе кои беа евакуирани од Јемен, каде арапските земји спроведуваат операција против востаниците-хусити, изјави официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува РИА „Новости“.

„Бродот на ВМФ Русија „Приазовје“ со 308 граѓани на 19 држави, евакуирани вчера од зоната на воени дејствија во реонот на Аден (Јемен), пристигна во пристаништето Џибути“, се вели во соопштението.

Претходно беше соопштено дека бројот на евакуирани државјани на РФ е 45 лица, на САД - 18, Велика Британија - 5, Бугарија - 1, Естонија – 6, Украина – 14, Белорусија – 9,  Туркменистан - 3, Узбекистан - 8, Азербејџан - 5, Бахреин – 1, Џибути – 5, Јемен - 159, Сомалија - 1, Палестина - 3, Јордан - 13, Куба - 9, Египет - 2, Саудиска Арабија – 1. 

Денеска се очекува два руски авиона да евакуираат уште околу 150 лица од Јемен, според информации добиени од амбасадата на Русија  во Сана.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња