Русија работи на систем за навигација околу Месечината

Русија веќе работи на прашањето за создавање на навигациски систем околу Месечината, соопшти заменик-генералниот директор на АД „Информациски сателитски системи „Решетњов“ Виктор Косенко.

Русија веќе работи на прашањето за создавање на навигациски систем околу Месечината, соопшти заменик-генералниот директор на АД „Информациски сателитски системи „Решетњов“ Виктор Косенко.  

„Сега веќе работиме на варијанти за создавање на навигациско-комуникациски систем околу Месечеината“, изјави тој за телевизискиот канал „Ѕвезда“.

Претходно беше објавено дека планот на лунарната програма на Русија е веќе внесен во нацрт-програмата за освојување на вселената и се наоѓа на усогласување во владата.  Од „Роскосмос“ истакнуваа дека РФ планира освојување на Месечината не индивидуално, туку во партнерство. Од своја страна Европската вселенска агенција соопшти дека бара партнери за освојување на Месечината и Марс.  

За летови до главниот сателит на Земјата може да се адаптира новата руска ракета од семејството „Ангара“ – варијацијата „Ангара-А5В“, Вицепремиерот на РФ Дмитриј Рогозин ја истакнува неопходноста од финансиска проценка на практичноста за користење на овие ракети за лунарната програма.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.