Одбивањето на НАТО да ја „покрие“ малата Естонија од Русија ќе значи смрт за Северноатлантската алијанса, изјави естонскиот претседател Томас Хендрик Илвес во интервју за британскиот весник „Телеграф“ (The Telegraph), пренесува РИА „Новости“. Според него, дојде времето повторно да се процени степенот на безбедност во регионот, кога во Естонија привремено се наоѓаат само 150 пешадинци. „За да ја освои Естонија, на нашиот сосед (Русија) ќе му бидат доволни четири часа!“, смета претседателот.
Илвес смета дека НАТО веќе „не е она“ што беше во студената војна, кога тој работел за радиото „Слободна Европа“ во Америка. На Алијансата ѝ недостига поранешната решителност. Притоа естонскиот лидер е убеден дека САД и ЕУ треба да му испорачуваат на Киев смртоносно оружје, а Британија треба да го развива својот нуклеарен потенцијал.
Што се однесува до дипломатијата, таа, според мислењето на Илвес, е добра само кога под рака ѝ се наоѓа силна армија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче