НАТО ја обвини Русија за испорака на тенкови Т-90 за бунтовниците во Донбас

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, повикувајќи се на извори во НАТО, тврди дека Русија испорачува војска и оружје во Донбас.

Без оглед на прекинот на огнот, преку границата на Украина со Русија во Донбас продолжува да пристига војска и оружје. Со ваков став излезе на 11 април германското издание на „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ повикувајќи се на извори во НАТО.

„Ние продолжуваме да гледаме поддршка за сепаратистите од страна на Русија со оружје, војници и обука на кадри. Русија префрла трупи и техника преку отворената граница со Украина“, наведува весникот.  

Изданието тврди дека сепаратистите сега имаат повеќе руско оружје отколку што имаа во моментот на склучување на спогодбата Минск-2.  Според информации на весникот, бунтовниците добиваат тенкови, БТР, артилерија и системи за ПВО, вклучувајќи ги современите модели на тенковите Т-80 и Т-90.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.