САД работат на проект за нов ловец од шеста генерација F/A-XX, сметајќи дека тој ќе успее да им се доближи на рускиот проект Т-50 (ПАК ФА) и кинескиот Chengdu J-20, пишува американскиот воен аналитичар Дејвид Маџумдар за магазинот „Државен интерес“ (The National Interest).
Рускиот Т-50 и кинескиот J-20 се воени авиони кои се најдобро прилагодени да пружат комплексен одговор на современите закани. Тоа ги разликува од сите западни пандани, меѓу кои се и ловецот-бомбардер F-35C (на Локид Мартин), како и јуришниот авион F/A-18E/F Супер Хорнет (на Боинг). Можеби единствено ловецот F-22 Раптор (на Локид Мартин, Боинг) може барем во нешто да им парира на рускиот и кинескиот авион, се наведува во статијата.
„Кога ќе се види рускиот Т-50 (ПАК ФА) или кинескиот J-20 и нивните современо ракетни технологии, станува јасно дека нашата надмоќ слабее“, наведува авторот на статијата мислење на еден високопоставен чиновник од воено-индустриската сфера.
Пред инженерите кои го проектираат ловецот F/A-XX стоји сложена задача: тие треба да ги поврзат карактеристиките на авионот кои му овозможуваат брзо да се тргне од нападот во тек на воздушна борсба, како и карактеристиките кои му пружаат голема офанзивна сила. Како што претпоставуваат експертите, техничките барања кои се поставуваат пред F/A-XX би можеле да бидат поместени во насока на зголемување на неговата ефикасност во противвоздушната одбрана, а не во реализацијата на офанзивните операции, наведува магазинот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче