Изградбата на грчкиот гасовод во соработка со Русија ќе ги задоволите потребите на Атина во енергетиката, изјави грчкиот премиер Ципрас, пренесува РИА „Новости“.
По средбите во Москва со највисокото руско раководство, Ципрас изјави дека Атина е заинтересирана за проширување на енергетската соработка со Русија и инвестициите во изградбата на своја територија на гасовод во рамките на „Турски тек“.
„Во енергетскиот сектор ние (со претседателот на РФ Владимир Путин) се договоривме, почитувајќи го грчкото и европското законодавство, за перспективата на развојот за изградба на грчки гасовод за транспорт на руски гас во Европа преку територијата на Републка Грција. Пред сѐ, тоа ќе ги задоволува грчките потреби во енергетиката. Во тие рамки Грција ќе пристапи во најскоро време кон развој на употребата на енергетските ресурси на земјата и обновливи извори на енергија“, изјави Ципрас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче