Путин е највлијателен човек на светот според магазинот „Тајм“

Претседателот на РФ Владимир Путин го зазеде првото место на листата на највлијателни луѓе на светот според американскиот магазин „Тајм“, пренесува РИА „Новости“.

Претседателот на РФ Владимир Путин го зазеде првото место меѓу светските лидери на листата на највлијателни луѓе на светот  според мислењето на американскиот магазин „Тајм“, пренесува РИА „Новости“. 

Гласањето заврши во петокот вечерта, а официјалните резултати ќе бидат објавени на 13 април. Листата, според верзијата на редакцијата, ќе биде објавен на 16 април.

Рускиот шеф на државата се најде на првото место на рејтинг-листата со 6,9% гласови. Далај-лама го зазеде 7 место и собра само 1,7% гласови, претседателот на САД Обама се наоѓа на  11 со 1,4%. Канцеларката на Германија Ангела Меркел доби 0,9% гласови и е на 25 место на листата, зад претседателот на Сирија Башар Асад и претседателот на Кина Си Ѓинпин.

Владимир Путин во ноември 2014 година втора година по ред беше на чело на највлијателните луѓе на светот според американскиот магазин „Форбс“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња