Пентагон: Руски Су-27 се приближи до авион на САД над Балтикот

Претставник на Пентагон изјави дека руски ловец Су-27 во вторникот прелетал во опасна близина на американски авион за извидување над Балтичкото море, пренесува РИА „Новости“.

Претставник на Пентагон изјави дека руски ловец Су-27 во вторникот прелетал  во опасна близина на американски авион за извидување над Балтичкото море.  

„Утрото на 7 април, американски РЦ-135У кој беше во редовен лет во меѓународниот воздушен простор, беше пресретнат од руски Су-27 на небезбеден и непрофесионален начин“, изјави за РИА „Новости“ претставник на Пентагон.  

Според него, „САД се подготвуваат да го постават ова прашање по соодветните дипломатски официјални канали“.

Американската војска соопшти дека „Сухојот“ прелетал на само 6 метри од ненаоружаниот извидувачки авион и со тоа ги загрозил животите на екипажот на авионот. Се претпоставува дека американскиот авион извршува задачи за набљудување на активноста на руската војска во западниот дел на РФ и Калининградската област.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња