Претседателот на Државната дума на РФ Сергеј Наришкин изјави дека ограничувањето на културните и научни контакти со Русија од страна на балтичките земји укажува на нивниот комплекс на пониска вредност, пренесува ТАСС.
„И воопшто ми се чинат апсолутно непотребни обидите да се ограничат контактите, помеѓу другото, и професионалните контакти на културните и научните работници, а така, за жал, постапуваат одделни земји, нови членки на ЕУ, кои се наоѓаат на брегот на Балтичкото море“, изјави тој на средбата со парламентарната делегација на Франција.
„Јас тоа не можам да го оценам поинаку освен како манифестирање на некои комплекси на пониска вредност“, објасни Наришкин.
Претходно пратеникот на МНР РФ за човекови права, демократија и владеење на правото Константин Долгов изјави дека Москва ја повикува ЕУ да го реши проблемот со дискриминацијата на жителите на балтичките земји кои зборуваат руски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче