Поразите на САД како суперсила почнаа во Сирија, пишува „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“ (Deutsche Wirtschafts Nachrichten).
Според американската влада, виновна за „сириското фијаско“ на Америка беше Русија. Затоа приврзаниците на жестокиот курс спрема Русија успеаја да ја принудат ЕУ да воведе санкции, меѓутоа, резултатот од тоа повторно не излезе според очекувањата на Американците. Како што се наведува во статијата, сите земји од ЕУ го почувствуваа ефектот од руските контрамерки во економијата и не можат да се справат со кризата, затоа што немаат начин како да ги компензираат загубите.
Сепак, контурите на претпоставениот најболен пораз за САД во надворешната политика сега се наѕираат во врска со ситуацијата со Јемен. Според мислењето на авторот на статијата, засега е сѐ уште незабележливо за европската заедница дека Американците како сојузници на Саудиска Арабија се движат кон нова катастрофа. Владата на САД ја поддржува Саудиска Арабија со оружје и техника и притоа ризикува да го вовлече Иран во војна, убеден е авторот.
Светската доминација на САД доаѓа до својот крај, смета новинарот. „Борбата со теророт веќе не поминува како аргумент за објава на војна“. Во врска со тоа станува сѐ посложено да се објасни мешањето на американските воени лица во работите на Јемен, потенцира изданието. Иронија на судбината е тоа што јеменските бунтовници, како и „Исламската држава“, се борат против сојузниците на САД со помош на американско оружје.
Во Јемен се повторува истата шема како и во украинскиот конфликт: територијалниот интегритет на државата е едно, меѓутоа наспроти него се наоѓа гарантираното од ООН право на самоопределеување на народите. Во обединувањето на Германија, како и во Југославија, САД и НАТО се бореа токму за тоа право, потсетува изданието. За територијалниот интегритет на тие држави тогаш не стануваше збор.
На тој начин, настаните во Јемен покажуваат колку се недоследни постапките на САД во надворешната политика. Зашто ни Вашингтон, ни САД не забележуваат дека Саудиска Арабија со воздушните удари го нарушува територијалниот интегритет на соседната држава. САД самите го прават она за што ѝ префрлаат на Русија во однос на Украина – „ја штитат својата сфера на влијание“, само во случајот со Донбас или Крим тоа се нарекува „агресија“, а во случајот со Саудиска Арабија – „легитимни интереси на безбедноста“, потенцира изданието.
Кога Западот не би се раководел од двојните стандарди, САД и ЕУ би морале да ѝ воведат санкции на Саудиска Арабија, продолжува авторот. Меѓутоа, место тоа, европските и американските претпријатија ѝ испорачуваат оружје кое се користи за заострување на хуманитарната катастрофа во Јемен, пишува „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“. Откако се откажаа од сопствените морални стандарди, САД самите го испровоцираа слабеењето на своите позиции во светот, заклучува изданието.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче