Француско разузнавање: Русија никогаш не подготвувала инвазија врз Украина

Американските тајни служби, користејќи се со авторитетот во НАТО, давале лажни информации за навлегување на руската војска во Украина, изјави францускиот генерал Кристоф Гомар, а пренесува агенцијата „Спутник“.

Според информациите на француското разузнавање, Русија никогаш не подготвувала воена инвазија врз Украина, изјави шефот на француското разузнавање генерал Кристоф Гомар зборувајќи пред Националното собрание на земјата, соопштува агенцијата „Спутник“.  

„Ние реално утврдивме дека Русите не распоредуваа ни командни пунктови, ни органи за логистика, вклучително и полски болници кои би овозможиле да се спроведе воена инвазија, притоа единици од вториот ешалон ниту еднаш не се поместија“, изјави генералот.  

Според него, доколку руски војници и биле забележани во Украина, тогаш тоа бил маневар со цел да се изврши притисок врз украинскиот претседател Петро Порошенко, а не обид за воено навлегување.

Согласно изјавата на генералот Гомар, американското разузнавање, користејќи се со авторитетот во НАТО, доставувала лажни информации за навлегување на руската армија во Украина.

„Проблемот на НАТО се состои во тоа што, - истакна генералот, - американското разузнавање има решително значење во Алијансата, додека француските тајни служби се земаат предвид повеќе или помалку(...) Во НАТО изјавуваа дека Русите подготвуваат инвазија врз Украина, меѓутоа, според информациите на француската Управа за воено разузнавање, ништо не ја потврди таа хипотеза“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња