Претседателот на Чешка ќе биде во Москва, но нема да присуствува на Парадата на Победата

Претседателот на Чешка Милош Земан ќе оди во Москва на празнувањето на 70-годишнината од Победата, но нема да присуствува на воената парада на Црвениот плоштад, пренесува РИА „Новости“.

Претседателот на Чешка Милош Земан ќе оди во Москва на празнувањето на 70-годишнината од Победата, но нема да присуствува на воената парада на Црвениот плоштад, пренесува РИА „Новости“.

„Времето потрошено за воената парада претседателот ќе го искористи за билатерални разговори со словачкиот премиер Роберт Фицо“, ги цитира „РИА «Новости“ зборовите на портпаролот на чешкиот претседател Јиржи  Овчачек.

Од своја страна во прес-службата на премиерот на Словачка засега не можеа да го потврдат учеството на Роберт Фицо на свеченостите во Москва.

Според Овчачек, претседателот Земан ќе пристигне во Москва во петок, 8 мај, а на 9 мај ќе учествува во свечената церемонија во спомен на советските воини кои загинале во Втората светска војна.

„Сегашната одлука нема никаква врска со критиките кои се слушаа последниве денови“, изјави портпаролот Овчачек.

Претходно Земан не ја исклучуваше можноста да присуствува на воената парада на Црвениот плоштад. Тоа предизвика силна критика како од страна на опозицијата, така и од некои министри во владата кои ја поврзаа јубилејната воена парада со ситуацијата во Украина. Незадоволство искажа и амбасадорот на САД во Чешката република.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.