„Обративме внимание на изјавите на официјалните лица на САД и НАТО од кои следува дека неодамнешниот договор во Лозана за политички рамковен договор за конечно решавање на ситуацијата околу иранската нуклеарна програма не дава основа за коригирање на плановите за разместување на ПРО во Европа“, се вели во соопштението на веб-локацијата на МНР РФ.
„Гледаме дека фактички откако во однос на иранската нуклеарна програма се забележува сѐ подефиниран прогрес, во Вашингтон и Брисел се обидуваат да смислат нови „основи“ за својата противракетна програма. Тоа потврдува уште еднаш дека повикувањето на „иранската закана“ претставува во наведениот случај само покритие додека вистинската цел на противракетниот потенцијал лежи на сосема друго рамниште“, смета МНР РФ.
„Според ова изјавите дека „ПРО не е насочена против Русија“ изгледа уште понеубедлива. Очигледното немање желба кај Американците и натовците да се земат предвид позитивните тенденции во решавањето на иранската нуклеарна програма го потврдува нашиот заклучок за антирускиот карактер на системот за ПРО што се распоредува во Европа“, се вели во соопштението.
Претфодно официјалниот претставник на НАТО Оана Лунгеску изјави дека рамковниот договор со Иран не означува откажување на Алијансата од распоредување на системот за противракетна одбрана во Европа.
Освен тоа, според неа, степенот на присуство на трупите на НАТО во близина на руската граница не треба да се нарече значителен: “Тоа присуство е со времен карактер, а неговиот степен не потпаѓа под каква било разумна дефиниција на реалното (присуство) на вооружените сили“.
Пред потпишувањето во Лозана на рамковниот договор за решавање на иранската нуклеарна програма, руските политичари тврдеа дека договорот ќе ја отстрани причината за создавање на ПРО, затоа што НАТО ќе нема со што да ја објасни потребата од ЕвроПРО доколку се реши иранскиот проблем.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче