Министрите за одбрана на пет земји од Северна Европа (Норвешка, Данска, Финска, Шведска и Исланд) истапија со заедничка изјава за ситуацијата во Украина.
Тие се заложија за активирање на соработката во одбраната, а исто така изјавија и дека Русија се обидува да внесе раскол во Европската унија и НАТО, укажувајќи на настаните во Украина и Крим.
Заедничката изјава беше објавена во норвешкиот весник „Афтенпостен“ (Aftenposten). Министрите за одбрана на наведените земји истакнаа дека во последно време ситуацијата со политиката на безбедност на континентот нагло се влошила, поради што е потребно да се биде подготвен за кризи и вонредни состојби. Меѓу другото, земјите од Северна Европа, без оглед на нивната припадност на различни сојузи, треба да пројават солидарност.
Во документот се потенцира дека Шведска и Финска треба да бидат колку што е можно поблиски до НАТО и да соработуваат со организацијата „во име на поголема безбедност во нашиот регион“.
На крајот на изјавата стојат потписите на министрите за одбрана на Норвешка Ине Ериксен Сорејде, на Данска Николај Вамен, на Финска Карл Хаглунд, на Шведска Петер Хултгвист, како и на шефот на МНР Исланд Гунар Брага Свејсон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче