Медиуми: Во Украина објавија лов на „граѓани на кои им се допаѓа Русија“

Во Службата за безбедност на Украина очекуваат пријави за универзитетски проесори, учители и корисници на социјалните мрежи кои имаат „неправилни“ погледи на политиката на украинските власти, соопштува весникот „Вести“.

Во Украина се врши агитација за пријавување на сомнителни граѓани со „неправилни“ ставови, пишува украинскиот весник „Вести“.

„На регионалните и централните жешки линии на СБУ некои активисти повикуваат да се пријавуваат сомнителни граѓани на кои им се допаѓа Русија, и затоа не им се допаѓа сегашната украинска власт. За нив смислија формулација „битови сепаратисти“. Во градовите на југоистокот веќе се делат инструкции за нивно препознавање“, сооштува изданието.

 На улиците, истакнуваат “„Вести“, веќе се појавија билборди на кои пишува дека “битов сепаратист“ е оној кој ги сквернави националните симболи и го очекува доаѓањето на „рускиот свет“, како и оној кој „агитира против мобилизација, шири гласови за заканата по рускиот јазик и едноставно сее страв и декадентно расположение“. Како што се прецизира на билбордот, „битовите сепаратисти“ ги очекува казна од 7-12 години лишување од слобода.  

Иницијатори на акцијата се филијалите на невладината организација „Кризен центар за медиуми“, меѓутоа во регионите власта исто така ја одобри иницијативата. „Проектот беше одобрен на ниво на влада, а рекламните простори ги дадоа локалните власти“, раскажа за „Вести“  "Вестям" директорката на филијалата на центарот за медиуми во Одеса Аљона Балаба.

Кампањата веќе испровоцира вистински лов на вештерки, пишува весникот. Потрагата по „несогласните“ започна на универзитетите и на социјалните мрежи. „Човек може да биде осуден и обвинет за помагање на ДНР/ЛНР за „непатриотско“ постирање. На социјалната мрежа „ВКонтакте“ има цели групи, (…) основани за собирање  на лични податоци и фотографии на несреќните корисници“, се вели во статијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња