Киев ќе учествува во формирањето на литванско-полско-украинска воена бригада и со помош на Полскаќе се огради од Русија со ѕид сличен на Берлинскиот, пишува „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“ (Deutsche Wirtschafts Nachrichten).
Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави на заедничката прес-конференција со својот полски колега Бронислав Коморовски во Киев дека Варшава ќе му додели на Киев кредит од 100 милиони долари за модернизација на енергетскиот сектор и уредување на надворешните граници. Во меѓувреме, од почетокот на април Државната погранична служба на Украина гради бетонски ѕид долж украинско-руската граница. Премиерот на Украина Арсениј Јацењук изјави во септември минатата година дека тоа ќе биде ѕид сличен на Берлинскиот, потсетува изданието.
„Полска и Украина си подадоа рака. Полска ќе прави сѐ што е можно и другите земји на слободниот западен свет да ѝ подадат рака на Украина“, рече Коморовски настапувајќи во Врховната рада.
„Меѓу другото, Полска има намера да ѝ испорачува оружје на Украина“, пишува германскиот весник.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче