Авганистан сака да купи хеликоптери Ми-35 од Русија

Авганистан е заинтересиран за купување руски хеликоптери Ми-35, изјави Шакир Каргар, специјален пратеник на претседателот за ЗНД во интервју за „Интерфакс“.

Авганистан е заинтересиран за купување руски хеликоптери Ми-35, изјави Шакир Каргар, специјален пратеник на претседателот за ЗНД.

„Имаме намера да купиме хеликоптери Ми-35 од Русија. Прашањето се наоѓа на агендата. Мислам дека ќе започнеме преговори за тоа во најблиска иднина“, рече Каргар во интервју за „Интерфакс“.

Каргар повтори дека авганистанските вооружени сили се опремени со руско оружје „и затоа ние купуваме пушки, куршуми и друга муниција од Русија“.

Каргар исто рака зборуваше за фабриките изградени во Авганистан од Советите, додавајќи дека најголемиот дел од нив не работат во моментов.

„Причината е долготрајната војна во Авганистан. Сепак, ние водиме преговори со Русија за да ги вратиме во погон. Во однос на воената сфера, можам да кажам дека наши студенти судираат на руски универзитети. Околу 500 руски хеликоптери летаат на авганистанското небо“, изјави тој.

Каргар исто така рече дека Авганистан е заинтересиран за трговско-економска соработка со Русија.

„Нашата трговија со Русија се намали значително во последните 5-6 години. Треба да ја зголемиме“, изјави тој.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња