Претстојните воени проверки за 2015 година ќе ги опфатат сите воени окрузи, видови и родови војска, а исто така ќе се одржат и руско-белоруски опративни воени вежби „Штит на сојузот-2015“, соопшти претседателот на РФ Владимир Путин на церемонијата на промовирање на високи офицери во Кремљ, пренесува РИА „Новости“.
„За една година се одржани над 3,5 илјади воени вежби на различно ниво. Претстојните за тековната година проверки од голем обем ќе ги опфатат сите воени окрузи, видови и родови војска. Покрај тоа, ќе се одржи и руско-белоруската оперативна воена вежба „Штитот на сојузот-2015, како и стратешките маневри „Центар-2015“.
Последната ненајавена проверка на борбената готовност по наредба на Путин се одржа од 16-21 март и со неа беа опфатени Северната флота, ВДВ, Стратешката и Воено-транспортната авијација. Учествуваа околу 80 илјади војници, илјадници парчиња техника, десетици бродови, подморници, авиони и хеликоптери.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче