Пентагон призна дека армијата на САД ја загубила технолошката надмоќ

Заменик-министерот за одбрана на САД Роберт Ворк искажа мислење дека американската војска не е подготвена за методите на војувањето кои ги „применува Русија во Украина“.

Заменик-министерот за одбрана на САД Роберт Ворк искажа мислење дека американската војска не е подготвена за методите на војувањето кои ги „применува Русија во Украина“.

 Ворк изјави во текот на своето излагање на воениот колеџ на копнената војска во Карлајл, Пенсилванија, дека армијата на САД ја губи технолошката надмоќ и не е подготвена да се спротивстави во услови на примена на оружје со висока прецизност и нови методи на војување кои наводно ги користи Русија во конфликтот на југоистокот на Украина, пренесува ИА „РЕГНУМ“ повикувајќи се на „Гардијан“.

Според заменик-министерот за одбрана на САД, американскиот начин за војување „на кој навикнавме во последните три децении“, брзо застарува.

Американскиот функционер смета дека откажувањето на САД од масовни воени кампањи по Авганистан и Ирак може да биде ревидирано, што ќе ѝ стави крај на политиката што беше воспоставена во текот на владеењето на Барак Обама.

„Потполно е можно, дури и веројатно, дека во иднина ќе почнеме да релаизираме слични кампањи“, изјави Ворк, искажувајќи мислење сосема некарактеристично за највисоките ешалони на американската власт.

„Ние ја губиме нашата технолошка надмоќ. И го гледаме тоа секој ден“, изјави тој.

Ворк тврди дека потенцијалните противници на САД ќе се однесуваат „слично на Русија при освојувањето на Крим“, и американската армија треба да биде подготвена да спречува такви настани.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња