Наришкин: Односите меѓу РФ и ЕУ се влошија поради САД

Надворешната политика на САД им нанесува штета на многу држави, создавајќи зони на хаос, смета спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин, пренесува ТАСС.

Надворешната политика на САД им нанесува штета на многу држави, создавајќи зони на хаос, смета спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин, пренесува ТАСС.

„Јас не го криев својот став дека надворешната политика на САД им нанесува штета на разни држави во разни точки во светот, создавајќи зони на хаос. Земете ги Северна Африка, Блискиот, Средниот Исток, па и европскиот континент олицетворен во братската за нас Украина“, изјави Наришкин на средбата со премиерот на Грција Алексис Ципрас.

Традиционалното партнерство на Русија и Грција, кое има „голем потенцијал“, исто така стана, „за жал, во последно време заложник на влошувањето на односите меѓу Русија и Европската унија“; истакна Наришкин. „Причината за тоа е очигледна: стремежот на САД и нивните послушни сателити од НАТО да исцртаат нови линии на поделба на европскиот континент, наспроти интересите на Европејците да живеат во мир и хармонија, хуманитарно единство, создавајќи и формирајќи единствен економски, хуман простор, единствен безбедносен простор“, констатираше тој.

Според претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, „таканаречените (антируски) санкции на ЕУ беа воведени во голема мера под притисок на официјален Вашингтон“. Наришкин ѝ изрази благодарност на Грција за отворената принципиелна позиција во однос на политиката на санкции.

Тој исто така смета на формирање Група на пријателство за подобрување на меѓупарламентарната соработка меѓу Русија и Грција. „Ние сметаме дека во најскоро време парламентот на Грција ќе формира Група на пријателство со која ќе ја обновиме нашата соработка“, изјави спикерот, која ја истакна и позитивната соработка меѓу парламентите на Русија и Грција. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.