Порталот на Министерството за одбрана на РФ заврши со публикувањето на сите 12 тома на историскиот труд „Великата Татковинска војна 1941-1945 година“, соопштија денес од министерството, а пренесува РИА „Новости“.
Министерството за одбрана ја публикува работата во предвечерјето на 9 мај, кога ќе се одбележи 70-годишнината од Победата во Втората светска војна.
„На веб-локацијата на Министерството за одбрана на Русија во одделот „Победоносниот мај“, посветен на 70-годишнината од Победата во Втората светска војна, објавени се последните – 11 и 12 том од фундаменталниот историски труд „Великата Татковинска војна 1941-1945 година“, се вели во соопштението за медиумите.
Хронолошки томовите ги опфаќаат настаните од „кобните четириесетти“ до крајот на најкрвавата и најжестока војна во историјата на човештвото чиј исход имаше дефинирачко значење не само за СССР, но и за целиот свет.
„Составувањето и подготовката за издавање на уникатниот историски труд го вршеше комисијата за редакција под раководство на министерот за одбрана генералот на армија Сергеј Шојгу“, истакнаа од Министерството.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче