Медиуми: На Ципрас во Москва му врачија грчка икона украдена од нацистите

На Алексис Ципрас во Москва му беше предадена икона украдена од нацистите во Спарта во текот на Втората светска војна, соопшти за РИА „Новости“ извор во грчката влада.

Руската страна во текот на посетата на премиерот на Грција Алексис Ципрас на Москва на грчката делегација ѝ предаде икона украдена од нацистите во Спарта во текот на Втората светска војна, соопшти за РИА „Новости“ извор во грчката влада.  

Како што соопшти изворот, руската страна ја откупила иконата за да ја подари на грчката држава. Според зборовите на изворот, премиерот на Грција ја примил иконата „Св. Николај Чудотворец и св. Спиридон, која за време на окупацијата од манастирот во Спарта ја украл германскиот офицер Фридрих Вилхелм Милер“. 

Милер го добил прекарот „касапот на Крит“ затоа што по негова наредба е извршен колежот во Вијанос. Во септември 1943 година германската војска уништила речиси 20 села кои им пружале поддршка на партизаните. Убиено е преку 500 луѓе. Милер бил заробен од Црвената Армија и предаден на грчките власти. Погубен е на Крит 1947 година.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња