Литванија одби да одговори на нотата на Русија за воената помош на Украина

Литванија не гледа причина да одговори на нотата на Русија по повод испораката на оружје за Украина, изјави министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкeвичиус, пренесува „Интерфакс“.

Литванија не гледа причина да одговори на официјалното обраќање на Русија по повод испораката на оружје за Украина, изјави министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкeвичиус.

„Ние не гледаме некаква поента во тоа. Не гледаме причина да им одговараме или да им се правдаме на оние кои самите ги кршат законите и кои го прават тоа непрекинато“, изјави литванскиот министер, а пренесува „Интерфакс“ повикувајќи се на весникот “Лиетувос зиниос“ (Lietuvos zinios).

Министерството за надворешни работи на Литваније исто така изјави дека помошта за Украина има одбранбен карактер.

Претходно МНР Русија упати нота до амбасадата на Литванија во Москва во врска со испораките на оружје на Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња