УЕФА ѝ додели 3 бода на Русија за мечот со Црна Гора

УЕФА ја казни Црна Гора со технички пораз во натпреварот за квалификациите на Европското првенство 2016 година против Русија, соопшти за ТАСС извор во УЕФА.

Дисциплинскиот комитет на УЕФА ја казни репрезентацијата на Црна Гора со технички пораз со резултат од 0:3 во натпреварот за квалификациите на Европското првенство 2016 година против репрезентацијата на Русија и со одигрување два натпревара дома без гледачи. Ова го соопшти за ТАСС извор во УЕФА.

Истовремено, УЕФА го казни Рускиот фудбалски сојуз (РФС) со казна во износ од 25 илјади евра поради однесувањето на руските навивачи.

Против РФС беше поведена дисциплинска постапка затоа што во текот на натпреварот руските навивачи употребија пиротехнички средства и фрлаа на теренот тврди предмети.

Натпреварот Црна Гора-Русија што се играше на 27 март беше прекинат на средината на второто полувреме по вина на црногорските навивачи

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња