Русија и Тајланд се договорија да ја активизираат заедничката работа на полето на индустријата и енергетскиот комплекс, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев, а пренесува РИА „Новости“.
Во вторникот Медведев пристигна во официјална посета на главниот град на Тајланд. Шефот на руската влада денеска имаше разговори со премиерот на земјата Прајут Чан-Оча.
„Се договоривме да ги активизираме работите и во индустријата, вклучувајќи ги и договорите кои веќе и се склучени за испорака на нашите авиони за цивилно воздухопловство „Сухој Суперџет-100“. Во регионот веќе успешно работи КАМАЗ, има предлози и за енергетскиот комплекс“,изјави Медведев , додавајќи дека дел од предлозите се содржат во потпишаните меморандуми.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче