Путин: Руско-кинеските односи се на историски високо ниво

Министерствата за надворешни работи на Русија и Кина работат во тесен контакт и постојано се синхронизираат, истакна Владимир Путин на средбата со кинескиот шеф на дипломатијата Ванг Ји, пренесува ТАСС.

Руско-кинеските односи се наоѓаат на историски високо ниво, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на средбата со министерот за надворешни работи на Кина Ванг Ји, пренесува ТАСС.

„Нема потреба да се карактеризираат руско-кинеските односи кои се наоѓаат на историски високо ниво, а нивниот квалитет одговара на сегашноста и на националните интереси“, потенцираше рускиот претседател.

Според Путин, министерствата за надворешни работи на двете земји работат во тесен контакт и постојано „се синхронизираат“. „Уверен сум дека Вие дискутирате со Вашиот руски колега за многу проблеми во светската политика“, му се обрати Путин на шефот на кинеската дипломатија.

Според зборовите на рускиот претседател, „нашите односи се позитивен пример кога една иницијатива од врвот се реализира во практика, во работата на конкретни министерства, установи и компании“, потенцираше Путин.

Путин смета дека „сите колеги ја разбираат важноста на билатералните односи, улогата на руско-кинеската соработка за меѓународните односи“. Во врска со тоа рускиот претседател додаде дека соработката на министерствата за надворешни работи на двете земји претставува многу важна компонента на таквата работа.

Од своја страна, Ванг Ји му пренесе на Путин „најтопли поздрави од претседателот на Кина“ и од останатите кинески раководители. „Претседателот на Кина со нетрпение ја очекува својата посета на Русија, како и учеството на прославата по повод 70-годишнината од Победата во Втората светска војна“.  

Според неговото мислење, последните две години Русија и Кина постигнале многу високо ниво на соработка, но денес „настапува нова етапа на стратешко партнерство“. „Според првичните проценки, последните две години вие (шефовите на двете држави) постигнавте вкупно 107 заеднички договори, 55 од нив веќе се реализирани, 21 проект се однесува на изградба на долгорочна перспектива, а 31 во моментов активно се реализира“, потенцираше Ванг Ји.

Кинескиот претседател Си Ѓинпин ќе ја посети Москва на 8 мај.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.