Во првиот квартал од 2015 година рубљата порасна во однос на доларот за повеќе од 4% и стана една од најдоходовните светски валути. Рускиот деловен весник „РБК“ се обиде да дознае од експертите дали руската валута стана добитна инвестиција.
Вишиот стратег на „ВТБ Капитала» Максим Коровин смета дека за растот на руската валута помогнале странските инвеститори, разликата во каматните стапки и намалувањето на колебањето на курсот на рубљата. Исто така, според него важно е да се напомене и фактот дека руската валута беше поддржана од Централната банка, како и намалувањето на увозот. Како резултат на намалувањето на увозот на стоки и услуги минатата година, автоматски се намали и потребата од девизи кај увозниците и, соодветно, побарувачката за странска валута.
Освен тоа, потребата да е отплати надворешниот долг веќе не влијае на пазарот – кулминацијата на враќањето на долговите беше во февруари—март 2015 година, и во иднина обемот за исплата ќе биде помал отколку во првиот квартал од 2015 и мината година.
Последен фактор кој одигра своја улога е стабилизацијата на геополитичката ситуација. „Рубљата почна да расте по потпишувањето на новата Минска спогодба за Украина“, смета Дмитриј Полевој, виш економист за Русија и ЗНД на банката „ING“.
Според Евгениј Надоршин, главен економист на „МТС Банк“, зајакнувањето на рубљата ќе биде времено, доколку не биде поддржано од растот на цената на нафтата. Затоа ризикот за купување рубли е голем, со оглед на фактот што карактеристиката на рубљата е тоа што падот на нејзината вредност се случува како лавина.
На Владимир Брагин, директор за анализа на финансиските пазари и макроекономија на УК „Алфа-Капитал“ во моментов му изгледа привлечно инвестирањето во домашниот пазар, затоа што „како прво, ЦБ пред сѐ ќе продолжи да ја намалува каматната стапка, а како второ, ограничувањето на зајакнувањето на рубљата не значи дека таа ќе ослабне во голема мера“.
Спротивно мислење има Николај Кашчеев, директор за истражувања и аналитика на „Промсвјазбанк“, кој вели дека економската ситуација сѐ уште не е најдобра и дека ликвидноста на рубљата може да се зголеми, што ќе доведе до обнова на одливот на капиталот. Тој смета и дека цената на нафтата тешко дека ќе се зголеми во блиска иднина, што не ја исклучува можноста за локално намалување на нејзината цена. Затоа оваа ситуација најмногу им одговара на шпекулантите, а обичните луѓе не треба да преземаат ништо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче