Белата куќа се сомнева на хакерски упад од Русија

Информацијата за хакирање на компјутерите во Белата куќа на САД од страна на хакери од Русија се однесува на минатата година, изјавија за „Ројтерс“ од Белата куќа.

„Наведеното сопштение не се однесува на некаков нов инцидент. Станува збор за активност што предизвикала сомневање во однос на незаштитена компјутерска мрежа за која Белата куќа соопшти минатата година“, ја цитира изјавата на Строх „Ројтерс“.

„Ние ги сфаќаме сериозно сите такви активности“, истакна тој. „Во дадениот случај, како што информиравме своевремено, ние итно презедовме чекори за проценка и намалување на ефективноста на нивната активност“, рече Строх, без да ја прецизира националната припадност на хакерите.

„Немам намера да се впуштам во детали како ги следиме операциите во сферата на кибербезбедноста. Но можам да кажам дека Русија дефинитивно активно работи во киберпросторот и во сферата на шпионажата. И ние преземаме мерки на предострожност“, изјави Родс.

Истовремено тој подвлече дека има и други земји чии активности во наведената сфера предизвикуваат загриженост кај САД. Тој посебно го издвои Иран.

„Ние остануваме будни по наведеното прашање“, рече Родс.

Си-Ен-Ен во вторникот соопшти за упад во компјутерскиот систем на Белата куќа од страна н хакери за кои се претпоставува дека се од Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња