Балканот ја поддржа трансформацијата на „Јужен тек“ во „Турски тек“

Министрите за надворешни работи на Србија, Унгарија, Македонија, Грција и Турција дискутираа во Будимпешта за можностите за учество во проектот за гасоводот „Турски тек“ , пренесува ИА „РЕГНУМ“.

Србија, Унгарија, Македонија, Грција и Турција ја поддржуваат диверзификацијата на маршрутите и изворите за испорака на природен гас во европските земји преку Турција. Ова се вели во декларацијата усвоена од шефовите на дипломатиите на петте земји по завршувањето на разговорите во Будимпешта на 7 април, пренесува  ИА „РЕГНУМ“.

Како што претходно соопшти министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, состанокот бил организиран со цел да се разгледаат можностите за учество во проектот за гасоводот „Турски тек“ за транспортирање на руски гас во овие земји. Централни теми на разговорите биле снабдувањето со енергија и енергетската сигурност. Во усвоената декларација чиј текст го наведува прес-службата на МНР Грција се истакнува дека страните „изразиле поддршка на формирањето комерцијално остварлива опција за диверзификација на маршрутите и изворите на снабдување со природен гас од Турција преку територијата на своите земји од Централна и Источна Европа и друго“. Според мислењето на министрите за надворешни работи, тоа ќе им овозможи на земјите-учеснички поддршка на енергетските пазари на Турција и Европската унија преку „Јужниот гасен коридор“ и ќе даде нови можности за економски развој на  регионот по пат на обединување на гасната инфраструктура на петте земји со финансиска поддршка од Европската унија. Заедно со употреба на објектите за складирање на гас диверзификацијата на испораките ќе овозможи да се олесни сезонскиот баланс и да се подобри енергетската сигурност во случај на прекин на испораките на гас, се истакнува исто така во документот

Се укажува дека декларацијата ги изразува засега само политичките намери на страните-потписнички и дека понатаму е потребна подетална размена на мислењата и дијалог за конкретни прашања меѓу државите-учеснички и заинтересираните компании.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.