Трошоците за одбрана на РФ ќе бидат скратени за 157 милијарди рубли

Буџетските средства за одбрана во 2015 година ќе бидат скратени за над 157 милијарди рубли, соопшти денеска членот на комитетот на Државната дума за одбрана генерал-полковник Виктор Заварзин, пренесува ТАСС.

Буџетските средства за одбрана во 2015 година ќе бидат скратени за над 157 милијарди рубли, соопшти денеска членот на комитетот на Државната дума за одбрана генерал-полковник Виктор Заварзин.

„Само во делот „Национална одбрана“ за 2015 година претходно беше издвоено 3 трилиони 273 милијарди и 991 милион рубли. Во врска со планираното намалување за 157 милијарди 217,5 милиони рубли расходите ќе изнесуваат 3 трилиони 116 милијарди и 773,5 милиони рубли“, рече Заварзин, пренесува „Интерфакс“.

На 27 март Државната дума на пленарна седница ги усвои на првото читање амандманите на федералниот буџет за 2015 година кои предлагаат зголемување на дефицитот на 3,7% БВП од планираните претходно  0,6% БДП.

На пример, се предлага намалување на буџетските средства за реализација на „Мајските укази“ на претседателот Путин за 2015 година за 152,9 милијарди рубли, или за 20,7% во споредба со актуелниот ребаланс на буџетот за тековната година – од 738,5 милијарди на 585,6 милијарди рубли.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња