Русија има оружје против сателити, но не е за напад

Според научниот раководител на концернот ВКО „Алмаз-Антеј“ Анатолиј Савин, во РФ е создаден „оригинален систем за вселенско набљудување“ кој овозможува откривање и следење на движењето на носачите на авиони на САД, пишува „Росијскаја газета“.

Русија и СССР никогаш не разработуваа оружје за напад од вселената, сите проектирани средства беа наменети единствено за обезбедување на одбраната во воздушно-вселенскиот простор, соопшти создавачот на првиот во светот антисателитски систем и на сателити-пресретнувачи, научниот раководител на ВКО „Алмаз-Антеј“ Анатолиј Савин. 

„СССР во ниту еден случај не би почнале први војна во вселената. Ние разработувавме средства кои и денес спаѓаат во Воздушно-вселенската одбрана. Одбрана, а не напад. Ние успеавме да разработиме уникатен, дури и според сегашни мерила, автоматизиран систем поврзан со одбраната на нашите и уништување, по воена потреба, на сателитите на евентуалниот противник“, изјави тој за денешното издание на „Росијскаја газета“.

Тој истакна дека во советско време таквите разработки не биле објавувани јавно. Според него, многу домашни конструкторски решенија биле значително поедноставни и подобри од оние што се правеле во САД, затоа и ги претекнале во трката за вселенско наоружување.

„Во антисателитската одбрана се предвидуваше дека таа може да функционира со минимален број на персонал за опслужување. Денес Воздушно-вселенската одбрана на Русија, базирајќи се на наши дамнешни конструкторски решенија, се реализира на совршено ново технолошко ниво“, додаде Савин.  

Според Савин, во РФ е создаден „оригинален систем за вселенско набљудување“ кој овозможува откривање и следење на движењето на носачите на авиони на САД, како и на стратешките подморници на НАТО што носат нуклеарни балистички ракети. „Ние почнавме да ја држиме под постојан надзор практично целата акваторија на светскиот океан“, додаде тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.