Москва на сметката на фондот на ОН за хуманитарна помош за настраданите во конфликтот на истокот на Украина уплати 5 милиони долари, покажува неделниот извештај на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања.
„Според состојбата на ден 3 април, донаторите на сметките префрлиле или ветиле дека ќе издвојат околу 57 милиони долари за реализација на планот на хуманитарна интервенција, што изнесува 18% од 316 милиони, колку што е потребно за 2015 година“, се наведува во извештајот што го пренесува ТАСС.
Русија на 3 април уплатила најголем износ на пари од 17 земји кои веќе уплатиле или ветиле дека ќе донираат одреден износ во овој фонд. Нешто помалку, 4,7 милиони уплатила Јапонија. Европската унија издвоила околу 4,5 милиони, а Германија 4 милиони. САД префрлиле на сметката 3 милиони од ветените 11,1 милиони. Најмногу ветила дека ќе издвои Велика Британија – 19,6 милиони долари, но на сметката на ОН сѐ уште не е уплатен ни дел од оваа сума.
Според проценките на ОН, хуманитарна помош е потребна за околу 5 милиони жители на Украина. Бројот на внатрешно раселени лица е 1,2 милиони, а уште 777 илјади луѓе се засолниле во други земји, најголем број во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче