Во понеделникот шефот на дипломатијата на Летонија Едгар Ринкевичс напиша на својот профил на Твитер: „Колку повеќе ја гледам современа Русија, толку повеќе доаѓам до заклучок дека таа ќе заврши како германскиот рајх по првата и втората светска војна, и веќе ќе биде доцна“.
Претседателот на Комитетот на Државната дума за надворешни работи Алексеј Пушков по ова коментираше за радиото „Зборува Москва“ дека „изјавите треба да имаат цена“, пренесува „Взгљад“.
„Кога министерот за надворешни работи на Летонија си дозволува изјави од таков вид, тогаш тој треба да сфати дека од наша страна можат да следуваат чекори кои ќе им нанесат сериозен удар на интересите на Летонија – економски, трговски, какви уште не. Не сметам дека може да им се дозволи на странските политичари да издрдорат секаква глупост без последици од гледна точка на нивно допуштање на територијата на Руската Федерација како минимум – и за нивните држави“, убеден е Пушков.
Пратеникот потенцираше дека „ако човекот официјално ја претставува државата, тогаш државата треба да сноси одговорност за неговите зборови“.
Пушков исто така додаде дека Летонија „претставува мала држава, дел од НАТО и ЕУ, која во услови на криза со Русија се здобива со голема важност“.
„Затоа што тоа е погранична држава, држава каде сега Американците испраќаат свои трупи за одржување маневри и колку подолго ќе завива раководителот на МНР Летонија, толку подолго ќе го задржи врз себе вниманието на ЕУ и НАТО“, објасни Пушков.
И заменик-раководителот на Одделот за информирање и печат на МНР Русија Марија Захарова ја коментираше изјавата на министерот за надворешни работи на Летонија Едгар Ринкевичс, пренесува РИА „Новости“.
Захарова ја спореди изјавата со неодамнешниот скандал откако претседателот на Естонија нарече низа земји „корисни идиоти на Путин“. Според неа, „антируската штафетна палка“ од естонскиот претседател ја презел Ринкевичс.
„Летонскиот „дипломат“, несомнено, подобро гледа: со оглед на тоа што токму во Летонија секоја година маршираат легионери на Вафен СС, таа земја од прва рака знае што е тоа Третиот рајх, затоа што со никакво реновирање во западен стил есесовската симболика не може да се пребои, напиша Захарова на својот Фејсбук-профил. И ако во Европската унија има „корисни идиоти на Путин“, тогаш Едгар Ринкевичс сигурно е на списокот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче