Лавров: Спогодбата со Иран нема да доведе до трка за вооружување

Спогодбата која треба да ја регулира нуклеарна програма на Иран не може да доведе до никаква трка за вооружување, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров.

Спогодбата која треба да ја регулира нуклеарна програма на Иран не може да доведе до никаква трка за вооружување, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров. „Нема никаква причина за трка за вооружување“, изјави Лавров во интервјуто за „Русија денес“, а го пренесува РИА „Новости“.

Тој исто така изјави дека спогодбата со Иран во врска со нуклеарната програма нема да доведе до негативни последици за режимот на неширење на нуклеарното вооружување.

„Иран не треба да создаде никаков негативен преседан за примена на режимот на неширење во принцип, за примена на стручен режим на контрола и за работата на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (IAEA) во врска со проверката на нуклеарни проекти за цивилни цели, со оглед дека, ќе повторам, ситуацијата со Иран е сепак специфична“, додаде министерот.

Според Лавров, „ние допрва треба да постигнеме овие принципи (кои се постигнати на преговорите во Лозана) да бидат преведени на јазикот на сосема конкретни договори, сѐ до последната цифра“. „Иран постојано истакнуваше дека ќе ги исполни своите обврски во врска со спогодбата за неширење на нуклеарното оружје“, додаде Лавров.

Како што објасни шефот на руската дипломатија, укинувањето на санкциите спрема Иран ќе овозможат оваа земја во целост да ги исплати долговите што ги има спрема „Росатом“, што ќе обезбеди милијарди за буџетот на Русија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња