Хелсинки ја предвиде руската реакција на стапувањето на Финска во НАТО

Зачленувањето на Финска во НАТО и распоредувањето на силите на Алијансата на границата со Русија што ќе следи потоа ќе предизвика тензии во односите меѓу Москва и Хелсинки, изјави министерот за надворешни работи на Финска Ерки Туомиоја, пренесува ТАСС.

Зачленувањето на Финска во НАТО и распоредувањето на силите на Алијансата на границата со Русија што ќе следи потоа ќе предизвика тензии во односите меѓу Москва и Хелсинки. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Финска Ерки Туомиоја зборувајќи пред гимназијалците во општината Туусула, пренесува ТАСС.  

„Границата меѓу Финска и Русија е една од најстабилните, најмирните и најнепроблематичните на светот. Така мислат и во Москва. И нема никакви причини Русија да посака да се појават некакви дополнителни проблеми на таа граница. Н0, доаѓањето на НАТО на таа граница би можело да има таков ефект“, рече Туомиоја. Според него, НАТО нема намера да ја нападне Русија, сепак тој знае дека Москва може да има поинакво мислење во однос на тоа. „И тоа треба да се земе предвид“, додаде министерот.

Финска, како членка на Европската унија, учествува во реализација на одлуките што ги донесува Алијансата, вклучително и на одлуките кои се однесуваат на Москва. Но целта на Хелсинки е да дојде до прекин на конфликтот во Украина и реализација на Минската спогодба, а не да ѝ се наштети на Русија.

Министерот Туомиоја континуирано стои на својот став дека стапувањето на Финска во НАТО ќе ѝ донесе на земјата повеќе штета отколку полза. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња