Инвестициите во долари и евра се кратковиди, место тоа треба да се инвестира во рубли и во рускиот финансиски пазар, изјави на конференција во Москва американскиот милијардер Џим Роџерс, коосновач на компанијата „Квантум фанд“ (Quantum Fund).
„Русија е за мене еден од најпривлечните пазари од гледна точка на инвестициите“, изјави Роџерс на конференцијата пред клиентите на Финансиската група БКС.
„Првпат дојдов во Русија 1966 година и бев голем песимист. Бев сигурен дека Русија нема да покаже добри резултати во 46 години. А 2012 година го променив своето мислење“, изјави Роџерс. За тоа време, според него, многу нешта се промениле: „Дојде до промени во Кремљ и се смени пристапот кон нештата. Сѐ се смени кон подобро“.
Роџерс вложува во руската берза. „Денес руската берза е во пад. И тоа е многу добра вест за мене. Кога купувате додека берзата е во пад, тогаш имате големи можности за раст. Тоа може да трае и до пет години, но кризата ќе помине и вие ќе бидете во добивка“, изјави Роџерс. Според неговото мислење, руската берза е најдобриот пазар во 2015 година.
Самиот Роџерс инвестира во акции на московската берза, „Аерофлот“ и компанијата „Фосагро“.
Американскиот милијардер смета дека најперспективно е вложувањето во земјоделството. „Тоа е перспективно вложување. Убеден сум дека земјоделството ќе се развива, инаку нема да имаме што да јадеме“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче