Амбасадорот на ЕУ во Русија: Ние нема да појдеме да умираме за Украина

Амбасадорот на ЕУ во Русија Вигаудас Ушацкас призна дека ЕУ нема намера да ѝ помогне на Украина со тоа што ќе војува за неа, пишува весникот „Версло зиниос“ (Verslo zinios).

Европа нема да појде да војува и да умира за Украина, изјави амбасадорот на ЕУ во Русија  Вигаудас Ушацкас во интервју за весникот „Версло зиниос“ (Verslo zinios).

Дипломатот смета дека ЕУ треба да ги поддржува економските и политичките реформи во Украина, да ја стабилизира земјата, но истовремено да бара допирни точки со Русија.

„(…) Треба да се признае дека ние нема да појдеме да војуваме и да умираме за Украина, и ние нема да појдеме да ја менуваме Русија, затоа што тоа нема да го сториме“, изјави Ущацкас.

Зборувајќи за давањето воена помош на Украина, тој истакна дека администрацијата на САД е вознемирена од тоа какви последици ќе има доколку биде дадена воена помош, како и каков може да биде одговорот на Русија.

„Тоа се многу сериозни прашања, затоа што ризикот и опасностите се реални“, додаде амбасадорот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.