Претседателот на Комитетот на Државната дума за надворешни работи Алексеј Пушков гледа во конфликтот меѓу претседателот на Чешка Милош Земан и амбасадорот на САД во Прага Ендрју Шапиро неуспех на плановите на Вашингтон за изолација на Москва по прашањето околу празнувањето на 70-годишнината од Победата, пренесува ТАСС.
„Судејќи според хистеријата на амбасадорот на САД во Чешка, во Вашингтон се нервозни поради патувањето на 9 мај во Москва на лидери на западни земји. Се плашат дека нема да им успее изолацијата“, напиша на својот Твитер-профил рускиот парламентарец.
Претходно беше објавено дека претседателот на Чешка Милош Земан ги нарече недопустливи јавните изјави за неговото претстојно учество на свеченостите по повод 70-годишнината од Победата во Москва од страна на амбасадорот на САД во Чешка Ендрју Шапиро.
„Не можам да си замислам чешкиот амбасадорот во Вашингтон да му советува на американскиот претседател каде да патува. Нема да му дозволам на ниеден амбасадор да се меша во програмата на моите странски посети“, изјави тој денеска за парламентарното електронско издание на www.parlamentnilisty.cz.
Шапиро неодамна изјави за чешката телевизија дека присуството на Земан на московската прослава ќе доведе до дискредитација на позициите на Запад за Украина. Според неговото тврдење, одлуката за учество на лидер на една од државите-членки на Европската унија е недалекувидна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче