Министерството за одбрана на РФ објави на својата веб-локација оригинални документи за првите денови на Втората светска војна, пренесува РИА „Новости“.
„Денеска на интернет-порталот на Министерството за одбрана на Русија за широката публика е отворена нова документарна изложба „Првиот ден од војната“ која содржи збирка историски документи од фондовите на Централниот архив на МО РФ посветени на настаните во првите денови од почетокот на големата војна“, се вели во соопштението.
Објавени се декласифицирани документи во рамките на серијата „Електронски збирки на документи“ поставени во посебниот оддел „Победоносниот мај“. Во збирката документи исто така се содржат и борбени извештаи и разузнавачки информации од првиот ден на војната од сите посебни воени окрузи на Советскиот сојуз.
„Нивната содржи сведочи за тоа дека, без оглед на ненадејниот напад, единици и гарнизони на Црвената Армија успеале во најкраток рок да се мобилизираат и да му пружат достоен отпор на непријателот“, се истакнува во соопштението.
Електронската изложба содржи над 100 историски документи од кои поголемиот дел се наоѓал во затворени фондови и кој порано бил достапен само за вработени во архивот и воени стручњаци.
Во моментов Министерството за одбрана продолжува со објавување и декласифицирање на историски документи за наредната електронска изложба, посветена на историјата на Втората светска војна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче