Медведев: Русија размислува за склопување автомобили во Виетнам

Руските власти ја разгледуваат можноста за склопување на домашна автомобилска техника и производство на возен парк за железници во Виетнам, изјави премиерот Дмитриј Медведев, пренесува РИА „Новости“.

Руските власти ја разгледуваат можноста за започнување на склопување на домашна автомобилска техника и производство на возен парк за железници, изјави шефот на владата Дмитриј Медведев по средбата со неговиот виетнамски колега.

„Штотуку потпишавме план за приоритетни проекти за оваа година. Вкупно одбрани се 17 проекти. Секој од тие проекти си има своја мапа. Се надевам дека сите тие позиции ќе бидат реализирани, независно дали е тоа испорака на опрема, авиони, можеби започнување на индустриско склопување на руски автомобили, унапредување на производството, возен парк за железници. Ова се основните насоки, има и други“, изјави Медведев, пренесува РИА „Новости“.

Тој исто така изјави дека страните ги усогласиле сите принципиелно важни прашања за формирање зона за слободна трговија меѓу земјите на Евроазискиот економски сојуз и Виетнам. „Практично веќе се договоривме за сите параметри. Подготовката на документите дојде до целната линија. Уште еднаш ќе повторам, принципиелните прашања се усогласени. Се надевам дека во најскоро време ќе можеме да дојдеме до потпишување на договорот“, изјави Медведев.

Премиерот исто така изјави дека Русија смета на најскоро потпишување на генерален рамковен договор за изградба на атомска централа во Виетнам и формирање на Центар за нуклеарна наука и технологии. „Ја продолжуваме нашата соработка на полето на нуклеарната енергетика,  дискутиравме за тековната состојба на работите“, изјави Медведев.

Во текот на посетата на премиерот на РФ Дмитриј Медведев на Ханој, Русија и Виетнам потпишаа неколку договори во нафтената сфера. Покрај тоа, Медведев најави и пораст на бројот на посети на руски туристи на Виетнам. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.