Анализа: Помошта од РФ за Никарагва е одговор на ширењето на НАТО

Зацврстувајќи ја соработката со државите во Латинска Америка, Русија добива не само на економски, туку и на стратешки план, сметаат експерти од Кинескиот институт за меѓународни истражувања.

Соработката со латиноамериканските држави претставува стратешки поволна насока за Русија, сметаат аналитичарите на Кинескиот институт за меѓународни истражувања (CIIS), пренесува РИА „Новости“. 

Според мислењето на експертите, Русија ќе добие и стратешки, и економски, доколку земе учество во обезбедувањето на новиот меѓуокеански канал во Никарагва. 

„Економските фактори исто така играат улога, но прашањата за безбедноста се поважни. Пред сѐ, од геополитичка гледна точка, зголемувањето на американското воено присуство на руската граница ја тера Русија да се замисли за зголемување на своето воено присуство во Латинска Америка“, смета генералниот секретар на Центарот за истражување на Шангајската организација за соработка (ШОС) Чен Јуронг.

Според него, стратегијата на Русија за зацврстување на соработката со латиноамериканските држави ќе биде природна реакција на ширењето на присуството на НАТО во Источна Европа.

„Зголемувањето на руското воено присуство во Латинска Америка ќе биде одговор на зголеменото последнава година присуство на Северноатлантската алијанса на руската граница – од балистичките противракетни системи во Источна Европа, до воените вежби во балтичките земји, затоа што дејствијата на НАТО се насочени против Русија“, убеден е аналитичарот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња